Недела на борба против ХИВ/СИДА
Активностите во поглед на афирмирање на „Неделата за превенција од ХИВ/СИДА“ се реализираа во рамките на подготвителни и активности во дејствување.
Клубот на млади во подготвителни активности припреми едукативен материјал, презервативи и изработка на заштитниот знак за борба против ХИВ/СИДА (црвената панделка). Во подготвителните активности се и координацијата и организацијата на забавите по повод неделата и состаноци со локални младински организации кои имаат поле на дејствување и интерес во оваа сфера (Младински совет Прилеп).
Самите активности содржеа различен спектар на дејствувања, асоцирани со новите трендови и интереси на младата популација. Се реализираа едукативно-превентивни работилници во средните општински училишта.
ПИЕР работилници во Клубот на млади со интерактивен карактер.
Две забави (денеска и вечерна) во два најпосетени локали, каде младите беа анимирани со претходно организирани активности (дистрибуција на презервативи, панделки и едукативен материјал со посебен акцент на тестирање и превенирање на ХИВ/СИДА).
Забавите беа масовно посетени, а младите беа провоцирани за размислување за безбедно секусален начин на однесување.
Овие активности беа медиумски покриени преку локалниот веб портал 10 без 10 на фејсбук групата на О.О. и веб страната на О.О. Црвен крст Прилеп.