
октомври 25, 2024
Мерење на гликоза во крв и крвен притисок кај пензионери членови на Здружението на пензионери на Општина Центар
На 08.10.2024 и 22.10.2024 Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во 4 ограноци на Здружение на пензионери на Општина Центар, спроведе активност за мерење на гликоза во крвта и крвен притисок, наменет за членовите во пензионерските ограноци. Вкупно беа опфатени 38 пензионери од кои мажи 14 и жени 24.
Продолжуваме и понатаму со подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетесот и негова превенција преку воспоставување на здрави животни навики, како и превентивно мерење на гликоза и крвен притисок.


