
септември 18, 2025
Ликовна работилница во “Пролет”
Во Центарот за лица со попреченост над 18 години „Пролет“ на 18.09 се одржа ликовна работилница на тема „Испраќање на летото“, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.
На работилницата учесниците преку цртање имаа можност креативно да ги изразат своите емоции и впечатоци поврзани со летниот период. Секој од нив црташе нешто што го потсетува на лето – сонце, море, плажи, сладолед, летни авантури и убави моменти со пријателите.
Работилницата донесе убава атмосфера, дружење и радост кај учесниците. Преку уметноста тие споделија позитивни мисли и симболично го означија крајот на летото, со насмевки и пријатни сеќавања.

