јануари 31, 2025

Ликовна работилница во “Пролет”

Волонтерите од Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, и овој четврток (30.01.2025) спроведоа работилница со корисниците на Центарот за лица со попреченост над 18 години “Пролет”.

Ликовната работилница беше наменета за припрема на честитки и ликовни творби по повод Валентајн.

Овие работилници се наменети за социјализација и усовршување на фината моторика на раката и прстите кај корисниците.

Продолжуваме понатаму со работилници и во месец Февруари!

< врати се назад