октомври 1, 2024

Крводарителска акција во Државен завод за ревизија

По повод јубилејот – 25 годишнина од основањето на Државниот завод за ревизија, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар организираше крводарителска акција. Вработените во Државниот завод за ревизија ја покажаа својата хуманост и солидарност на дело, даваајќи пример и поттик за развивање на свесноста и важноста на крводарувањето и спасувањето на човечките животи преку секоја дарувана крвна единица.

< врати се назад