февруари 24, 2021

Крводарителска акција на Денот на извидниците

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Сојуз на извидници на Македонија и ИТМ, на ден 22.02.2021 година реализираше редовна крводарителска акција, но овојпат за првпат на нова локација. Акцијата се реализираше во просториите на новиот Младински Центар “Матично“ во периодот од 12 до 18 часот и се спроведе согласно сите мерки и препораки за заштита. На истата беа реализирани 32 крводарувања од страна на извидниците кои на тој ден го слават Денот на извидниците. На тој начин тие, во чест на Денот, тие направија добро дело. Продолжуваме со продлабочување на веќе одличната соработка со Сојузот на извидници. Нека ви е среќен Денот на извидниците – 22ри февруари!

 

 

< врати се назад