Креативни работилници од ЛАП за деца со посебни потреби
На ден 29.11.2011 година Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп во склоп на Локалниот акционен план за деца со посебни потреби учествуваше во креативната работилница заедно со штитениците на Центарот за деца со посебни потреби ,, Ѕуница ‘’. Волонтерите на клубот успеаа да ја поттикнат креативноста на децата така што на крајот се доби едно шаренолико пано на кое беа изложени детските цртежи изработени со големо патување но воедно и ова пано е еден вид на албум од скорeшните доживувања на децата.
За време на изработувањето на паното преовладуваше работна атмосфера во која секој придонесе со сопствен удел во креирањето на овој производ од оваа креативна работилница. Волонтерите како и секогаш со задоволство се дружеа со децата исто и во втората креативна работилница во која изготвуваа новогодишни картички покажувајќи го неизмерно своето задоволство од активноста. Клубот на млади при ООЦК Прилеп продолжува со имплементација на активностите кои се поврзани со Локалниот акционен план но исто така и со другите активности кои што се тековни опфакајќи различни целни групи на кои им е потребна помош.