
септември 26, 2025
Креативна работилница во “Пролет”
На 25.09.2025 во Дневниот центар „Пролет“ заедно со нашите волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар реализиравме креативна работилница со глина.
Со многу дружење, креативност и позитивна енергија изработувавме разни фигури и украси.
Волонтерите и корисниците заедно поминаа прекрасно време исполнето со насмевки и нови искуства.


