
април 4, 2025
Креативна работилница “Шарени чадорчиња” во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Пролет”
Волонтери од Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар на 03.04.2025 спроведе креативна работилница за корисниците на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Пролет на ЦКГС.
Поради врнежите неделава се инспириравме и заедно изработивме чадорчиња.
Креативните работилници ни претставуваат алатка за поттик на креативноста и моторната функција на дланките и прстите.
Се гледаме нареден четврток, на нова работилница




