
ноември 27, 2023
Кампањата “ Првата помош-спасува живот “, реализирана и со учениците од ДСУ за рехабилитација и образование ‘’Св. Наум Охридски’’
Во склоп на Кампањата на Црвен крст на Република Северна Македонија “Првата помош-Спасува живот“, на 27.11.2023 година беше реализирана обука по прва помош во ДСУ за рехабилитација и образование ‘’Св.Наум Охридски’’ на која присуствуваа 22-ца ученици.
Врсничките едукатори од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Центар ги запознаа учениците со основите на првата помош и сѐ она што е потребно да го направат во момент на незгода, како да повикаат помош и кои материјали да ги употребат. Едукациите беа соодветно приспособени на можностите на целната група, при што учениците покажаа особен интерес и интеракција со врсничките едукатори, со цел совладување на вештините за укажување на прва помош.
