
ноември 10, 2023
Кампања по Прва помош
Општинска организација Центар продолжува со спроведување едукативни предавања за основи на првата помош во рамки на на Кампањата по Прва помош под мотото „Првата помош спасува живот“, во сите основни училишта на територија на општина Центар.
На ден 09.11.2023 се реализираа 4 едукации во осмо одделение во ООУ „Димитар Миладинов“, на кои учество земаа вкупно 85 ученици.
Продолжуваме и во другите училишта на територија на општина Центар.

