ноември 22, 2024

Изработка на украсни фигури во “Пролет”

На ден 21.11.2024 во Дневниот Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет” волонтери во Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведоа креативна работилница за корисниците од “Пролет”.

За време на работилницата се изработија интересни украси од волница и шишарки, кои во процесот на нивната изработка имаа за цел да ја разработат моториката и фините движења во прстите и шаката како и стимулирање на когнитивната функција во мозокот.

Дружбата во “Пролет” е незаменлива и секогаш исполнета со смеа. Продолжуваме понатаму со многу интересни активности, се гледаме повторно следниот четврток!

< врати се назад