октомври 17, 2024

Изработка на свеќници во “Пролет”

Изработка на свеќници во Пролет

На 17.10.2024 (четврток)  волонтери во Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар заедно со корисниците на Дневниот Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет” изработуваа уникатни свеќници.

Секој свеќник го одрази трудот и тимската работа што беа вложени за нивната креација. Едвај чекаме да ги видиме како ги осветлуваат нашите простори.

Продолжуваме со нови активности нареден четврток!

< врати се назад