
мај 13, 2024
Избори во Клубот на млади ООЦК Центар
Следејќи ги сите постапки за спроведување на изборите во клубовите на млади на Црвениот крст, на 13 мај се одржа состанокот на кој се избраа кандидатите за лидер и заменик лидер на клубот на млади, покрај тоа на состанокот се избраа и кандидатите за членови на координативното тело.
Состанокот го водеше поранешниот лидер на клубот на млади Анастасија Горенчева. Согласно процедурите се претставија кандидатот за Лидер, Стефанија Ангеловска и Илија Шутаревски за Заменик лидер кои ги претставија своите програми за работа. Тие преку кратка PowerPoint презентација го претставија своето искуство во Клубот на млади, која била нивната мотивација за да се кандидирааат и што тие како нови лидери би можеле да придонесат за развивање на работата на Клубот на Млади.
Исто така беа претставени и кандидатите за членови на координативното тело. Крајот на состанокот беше посветен на прашања кои секој од присутните можеше да им ги постави на кандидатите за лидер и заменик лидер како и на членовите за координативно тело. По завршената дискусија околу прашањата состанокот го затвори поранешниот лидер на Клубот на млади Анастасија Горенчева.






