март 11, 2013

Хуманитарна аукција

ПХВ циклусот во Општинската организација на Црвен крст Прилеп оваа година беше доста успешен затоа што се родија многу идеи преку кои што може да се соберат финансиски средства за да се помогне на ранливите целни групи во градот. Една од тие идеи беше и хуманитарната аукција која што беше реализирана од страна на ПХВ тимот од нови волонтери. Волонтерите во овој проект вклучија многу партнери така што проектот беше успешен и претставуваше единствен од овој вид во овој период во градот.

Хуманитарната аукција беше реализирана благодарение на донацијата од графичкиот смер при Средното општинско училиште ,,Ристе Ристески Ричко’’. Учениците од овој смер донираја 19 слики изработени во различни техники меѓу кои: туш техника, темпера, спреј, јаглен и др. при што се изврши продажба на сите 19 слики на хуманитарната аукција. Почетната цена на секоја слика изнесуваше 200 денари. На овој настан зедоја учество и учениците од основното музичко училиште ,,Ордан Михајлоски – Оцка’’ така што се претставија со 5 композиции од познати светски автори на класична музика. Хуманитарната аукција беше завршена со еден мал коктел- донација од Прилепската пивара и Прехрамбената индустрија ,,Дониа’’. Добриот резултат од овој проект претставува мотивација и на Клубот на млади за да оствари повторна соработка со овие млади уметници и овие хуманитарни аукции да продолжат и во иднина. Ова е еден успешен пример како ПХВ програмата дава дополнителна свежина во Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп, така што постои взаемно учење од искуствата меѓу волонтерите.

 

< врати се назад