март 13, 2012

Хуманитарна акција

Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Прилеп во соработка со своите партнери организираше акција по повод 8 Март за собирање на парични средства под мотото ,,Ние сме дел и одиме кон иста цел ќе се придружиш ли и ТИ? ‘’  за помош на Весна Боцевска која боледува од аденокарцином на левото белодробно крило и и се потребни парични средства за терапија.

Акцијата се состоеше од продажба на производи за 8-ми Март изработени од Клуб на млади и Друштвото на уметници на град Прилеп како и младинската организација од гимназијата ,,Мирче Ацев’’  која се  одвиваше на 07.03.2012 година и беа собрани 572 евра (35.178 денари) и на 08.03.2012 година на која беа собрани 900 евра ( 55.400 денари). Од целата акција се собраја вкупно 1472 евра ( 90.578 денари) со што се овозможи дел од терапијата потребна за Весна. Оваа активност е само дел од  активностите на Клуб на млади кои се одвиваат со партнерите. Клубот на млади работи постојано на соработката со другите невладини организации и приватен сектор за да се постигне што е можно поголем импакт на општеството и намалување на вулнерабилноста на ранливите целни групи.

< врати се назад