февруари 21, 2023

Хуманитарен концерт за помош на Турција и Сирија

Продолжуваме со реализација на активности за помош на настраданите од земјотресите во Турција и Сирија. Факултетското Студентско Собрание на Факултетот за музичка уметност при УКИМ на 20.02.2023 организираше хуманитарен концерт во своите простории. Општинска организација Центар се вклучи како поддршка со поставување каса за донации на влезот на салата, а волонтерите од Клубот на млади на Општинска организација Центар ги пречекуваа гостите.
Сите присутни уживаа во прекрасната изведба на студентите од факултетот, знаејќи дека средствата кои ги донирале ќе бидат наменети токму за настраданите во двете земји.
 
< врати се назад