декември 28, 2011

Финализирање на проектот „Активности за намалувања на ризици од несреќи (микрорегион Прилеп)“

Проектот „Активности за намалувања на ризици од несреќи (микрорегион Прилеп)“ е реализиран по сите планирани основи.
Во соработка со Локалните самоуправи на oпштините Прилеп, Кривогаштани и Долнени беа дефинирани осум училишта и притоа беше договорена соработка со истите за непречено одвивање на тековните проектни активности.
Направена е презентација  за проектните активности во ЕЛС, при што е добиена целосна поддршка за понатамошна соработка и координација со останатите институции опфатени  со проектот.

Во склоп на проектот беа извршени обуки за прва помош и презентирани постапки и активности за дејствување при несреќи. Беа обучени шеснаесет лица за укажување на прва помош и уште толку за дејствување при несреќи. За потребите на училиштата беа изработени елаборати за заштита и спасување при несреќи како и графички прикази на плановите за евакуација. Изведена е монтажа на панични светла во училиштата како и на сандачиња за прва помош. Проектот финализираше со показна симулациска вежба, а сценариото содржеше симулација на земјотрес кој предизвикува пожар со повредени лица. Вежбата ја организира Општинската организација на Црвен крст – Прилеп со активно учество на Локална самоуправа на општина Прилеп, Дирекција за заштита и спасување – Прилеп, Центар за управување со кризи – Прилеп, Брза помош – Прилеп, Полициска станица – Прилеп, Територијална против пожарна единица – Прилеп. Показно симулациската вежба се одвиваше во централното основно училиште „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп. Вежбата беше презентирана на сите локални медиуми.

< врати се назад