октомври 27, 2023

Европски ден за борба против трговија со луѓе

По повод Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, кој традиционално се одбележува на 18ти октомври, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведе едукативни предавања во основни и средни училишта.

Едукациите се реализираа на деновите 25.10.2023 и 27.10.2023 година во просториите на ПСУ „Алгоритам Центар“ и ООУ „Гоце Делчев“. На вкупно 4 едукации, учество земаа 64 ученици од седмо одделение од ООУ „Гоце Делчев“ и од прва година од ПСУ „Алгоритам Центар“.

Тема на едукациите беше „Борба против трговија со луѓе“, за време на која учениците имаа можност да ги дознаат различните аспекти на трговијата со луѓе, кои се сигналите и знаците кои треба да се препознаат во дадени моменти и на кои сѐ начини може да се случи. Видео содржините придонесоа за полесен приказ на тоа како изгледа трговијата со луѓе и на што треба да се внимава.

 

< врати се назад