
Едукативна активност на тема „Очни болести и превенција“
На 13.10.2025 година, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар во соработка со Клиничка болница „Аџибадем Систина“ организираше едукативна активност на тема „Очни болести и превенција“ и превентивен преглед на видот,наменета за членовите на Здружението на пензионери на Општина Центар.
Во пријатна атмосфера, 16 учесници имаа можност да присуствуваат на едукативно предавање од страна на специјалист-офталмолог, да поставуваат прашања и да добијат корисни совети за одржување на здравјето на очите.
По предавањето следеа превентивните прегледи на видот.
Со ваквите активности, Црвениот крст Центар продолжува да ја промовира превенцијата и здравиот начин на живот кај лицата од трето доба, преку соработка со стручни институции и партнери од здравствениот сектор.













































