
јуни 17, 2021
Едукација за родители на деца и младинци со попреченост – ученици во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 16.06.2021 во периодот од 18 до 19 часот, реализираше едукација за родители на ученици од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, во рамки на проектот „Без предрасуди во заштита од Ковид-19“. Теми на оваа едукација беа „Промоција на хигиена“ и „Заштита од Ковид-19“, преку кои едукаторите преку теоретски и практичен приказ ги потсетија учесниците на веќе добро познатите практики за заштита од Ковид-19, но и ги продлабочија нивните знаења на темите. Целта беше едукација на родителите на деца и младинци со попреченост, кои се ученици во ДСУ „Св. Наум Охридски“, како и давање насоки за промоција на хигиена и заштита од Ковид-19.
Продолжуваме и понатаму со активности со целната група на проектот.















































