јуни 15, 2021

Едукација за наставнички, технички и стручен кадар од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 10.06.2021 во периодот од 9 до 10 часот, реализираше едукација за наставнички, технички и стручен кадар од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, во рамки на проектот „Без предрасуди во заштита од Ковид-19“.

Едукаторите ги презентираа темите „Промоција на хигиена“ и „Заштита од Ковид-19“, преку кои учесниците ги продлабочија своите знаења на темата. Целта беше едукација на кадарот кој работи со ученици со попреченост и давање насоки за понатамошна промоција на хигиена и заштита од Ковид-19.

Учесниците беа задоволни од едукацијата и дадоа дополнителни предлози за едукациите кои ќе се реализираат со учениците во рамки на проектот.

 

< врати се назад