
декември 13, 2021
Едукација во ООУ „Димитар Миладинов“ по повод Месец на борба против болести на зависност
Црвениот крст на Република Северна Македонија, секоја година месец ноември го одбележува како Месец на борба против болести на зависност. Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар реализираше едукација во ООУ „Димитар Миладинов“ за учениците од 6то и 7мо одделение. На едукацијата присуствуваа вкупно 144 ученици. Едукацијата, која се реализираше преку платформата Teams, ги поттикна учениците да размислат за штетноста од цигарите, дрогата и алкохолот, а се информираа и за последиците кои зависностите ги оставаат врз здравјето на човекот. Продолжуваме со online едукации и во другите училишта на територија на општина Центар.