
септември 27, 2022
Едукација на тема “Развојни предизвици на адолесцентниот период”
Врсничките едукатори од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар реализираа едукација на од областа на менталното здравје на ден 23.09.2022 година во периодот од 12:30 до 13 часот. За време на едукацијата, едукаторите Анастасија Горенчева и Марко Тодоровски, го презентираа материјалот од вториот модул за едукација за ментално здравје со наслов “Развојни предизвици на адолесцентниот период”. На едукацијата беа присутни 11 ученици од ПСУ „Алгоритам Центар“.
Се дискутираше детално за што претставува адолесценцијата, а што идентитетот. Се отвори дискусија на тема стрес и што им предизвикува стрес на учениците, истите стресори беа напишани на табла, наспроти нештата кои што учениците ги прават да за да го избегнат стресот.
На крајот од едукацијата беше спроведена вежба, на којашто учениците беа водени низ една кратка медитација, која се покажа како успешен начин на разјаснување и дообработка на сѐ она што се дискутираше за време на едукацијата.

