
февруари 7, 2025
Друштвени игри во “Пролет”
Друштвени игри во “Пролет”
Волонтерите од Клуб на млади Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 06.02.2025 (четврток) ги посетија корисниците на Дневениот Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на територија на Општина Центар. Овој четврток се одлучивме да играме друштвени игри во “Пролет”.
Преку организирање на вакви креативни работилници имаме за цел да ги социјализираме лицата со интелектуална попреченост корисници на “Пролет” во општеството.


