
јуни 17, 2024
Донација на 300 книги од најразлични жанрови.
На ден 15.06.2024 претставници од Еврејската заедница во Република Македонија заедно со волонтерите од BBYO и волонтерите од Црвен крст на РСМ – Општинска Организација Центар преку заедничка активност, нивната донација од 300 книги од најразлични жанрови, ја предадоа во Домот за стари лица “Мајка Тереза”.
Огромна чест и задоволство за сите нас беше да се види и почуствува среќата и енергијата на старите лица кои беа многу задоволни од донацијата.
Продолжуваме понатаму со заеднички активности и проекти


