
Дисеминациска сесија по повод 8ми Мај – Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина
Во пресрет на 8ми Мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 06.05.2021 во периодот од 20 до 21 часот и 30 минути, спроведе дисеминациска сесија за 8 нови волонтери од Клубот на млади.
На дисеминациската сесија, волонтерите се запознаа со историјатот на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, се дискутираше за значењето и употребата на амблемите, кои се принципите на кои се заснова Движењето, како и неговата визија и мисија. Учесниците имаа можност да дознаат повеќе за организациската структура и различните програми кои ги реализира Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Преку слики и видеа се запознаа со активностите кои ги реализираат младите, по што дисеминацијата ја затворивме со надеж и желба за што поскоро завршување на пандемијата на КОВИД-19 и можност за реализација на активности со физичко присуство.
Нека ни е честит Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина!












































