септември 23, 2022

Дисеминација за Движењето на Црвениот крст за нови волонтери и членови

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 22.09.2022 со почеток во 19 часот, во рамки на летната програма на Клубот на млади, спроведе дисеминациска сесија за Движењето на Црвениот крст за 10 нови волонтери и членови во Клубот на млади.
Волонтерите се запознаа со историјата на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, зборуваа за амблемите и нивната употреба, принципите, визијата и мисијата на Црвениот крст. Се запознаа и со активностите на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар. На дисеминациската сесија присуствуваа и волонтери кои веќе имаат волонтерско искуство, но оваа средба беше одлична можност да се запознаат со новите волонтери и да ги освежат своите знаења за Црвениот крст.
 
Драги волонтери, добредојдовте во Клубот на млади на Општинска организација Центар!
 
< врати се назад