април 3, 2014

Дисеминација за Црвениот крст на новите волонтери

Ширењето на знаењата за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина претставува едно од суштинските во нашата организација и е сегмент на кој се работи континуирано. Оваа едукација се реализира на најразлични целни групи на граѓани со цел запознавање со принципите и работата на организацијата. Оваа дисеминација се спроведува и на новите волонтери за добивање на основи кои ќе бидат корисни понатаму за вклучувањето во хуманитарните активности. 

На 02.04.2014 година во просториите на општинска организација на Црвен крст Прилеп се одржа општата дисеминација наменета за 20 нови волонтери кои добија основни предзнаења за структурите на движењето, различните дејности во кои е вклучен Црвениот крст, активностите и структурата на младите на Црвен крст на Република Македонија. Со помош на оваа активност волонтерите подобро се запознаа со обврските и правата на волонтерите како и обврските и правата на членовите. Ваквите дисеминации наменети за нови волонтери кои се приклучуваат кон општинската организација на Црвен крст Прилеп продолжуваат во иднина, зависно од интензитетот на пријавување за волонтирање.

 

< врати се назад