
септември 22, 2025
Детска трка “Виталиа”
На 21.09.2025 Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар заедно со Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кисела Вода беа дел од детската трка „Vitalia“.
Нашите волонтери беа задолжени за обезбедување на прва помош и даваа логистичка поддршка за успешна реализација на настанот.
Горди сме што со нашето присуство придонесовме трката да помине безбедно и во позитивна атмосфера.