јули 8, 2022

Ден за друштвени игри во Центарот за лица со интелектуална попреченост над 18 години на ЦКГС „Пролет“

Денешната посета во Центарот за лица со интелектуална попреченост над 18 години на ЦКГС „Пролет“ од страна на волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар беше исполнета со насмевки, забава и дружба. Друштвени игри како „Не лути се човече“ и „Макао“ беа на дневниот ред, а како финале, корисниците заедно со волонтерите се расположија преку игра и песна.
 
Погледнете дел од атмосферата доловена преку слики. 🎵💕
 
< врати се назад