
март 4, 2024
Црвен крст- Центар го одбележи 1ви Март
И оваа година во општинска организација Центар се одбележа 1ви Март преку заедничка работилница со корисниците на Дневен центар “Пролет’’ и преку собирна акција во Веро Jumbo.
Најпрво бевме во прсториите на Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на ЦКГС „Пролет” каде се реализираше првомартовска работилница помеѓу корисниците и волонтерите од Клуб на млади при Општинска организација Центар.
Се запознавме со симболиката на мартинките, се забавувавме, плетевме, се дружевме, пеевме и уживавме во пријатното друштво.
Следниот ден, на 02.03.2024година, во просториите на Веро Jumbo се одржа собирна акција во склоп на ПХВ – ЦКА проектот. На акцијата учествуваа 30 волонтери.


