февруари 2, 2023

Членови – херои

Продолжуваме со праксата за намена на средствата од цела собрана годишна членарина за помош на одредена целна група, па членарината од 2022 година ја наменивме за помош на најмалите.
Одличната соработка на Општинска организација Центар со Советот на родители, директорката и одговорниот наставник за Црвен крст во ООУ „Димитар Миладинов“ придонесе за уште поголема успешност во реализација на оваа пракса и резултираше со подмирување годишно членство од страна на голем број ученици. Соработката училиштето континуирано се развива, продлабочува и создава моменти за паметење, особено кога хуманоста се насочува кон оние кои се најкревки.
 
Овојпат, тие одлучија со средствата од членарината да помогнат на Универзитетската Клиника за Детски болести, поконкретно на Одделот за цистична фиброза, со набавка на три инхалатори кои се од есенцијално значење во третманот на дечињата на овој оддел.
 
На предавањето на донацијата на ден 02.02.2023, заедно со Секретарот и Потпретседателката на Општинска организација Центар, присуствуваа и претставници на Советот на родители на ООУ „Димитар Миладинов“.
 
Огромна благодарност до сите кои придонесоа во реализација на оваа хумана приказна.
 
< врати се назад