октомври 9, 2024

Бесплатни скрининзи за рана детекција на когнитивни промени кај лица во трето доба

По повод Светскиот ден на Старите лица, Општинската Организација на Црвен крст Центар во соработка со Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка и Здружение на пензионери на Општина Центар, на ден 04.10.2024 најавија бесплатни скрининзи за рана детекција на когнитивни промени кај лица во трето доба и четврто доба преку презентација на оваа превентивна активност во просториите на ДХО ,,Даре Џамбаз’’.

Скрининзите ќе ги водат обучени психолози од Црвениот крст и ќе се одвиваат во Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка во текот на месец Октомври 2024.

Со оваа активност се одбележува и Светскиот ден на менталното здравје кој традиционално се одбележува на 10-ти Октомври секоја година.

< врати се назад