декември 1, 2011

Активности по повод „Месецот на борба против болести на зависност“

Ноември – „Месец на борба против болести на зависност“ иницира О.О. Црвен крст Прилеп да ги интензивира и аксептира превентивните активности од оваа проблематика, кои во континуитет се имплементираат годишно, почнувајќи од ХР Програмата па се до превентивнo-едукативни активности и медиумска поддршка.
Спектарот на активности беше колоритен, започнувајќи со работилница со локалните инстисуции инволвирани во проблематиката со зависност изложувајќи го психолошкиот профил на зависници кои се обратиле за помош во О.О. Црвен крст Прилеп.

Дестигматизацијата и дедискриминацијата кај општата популација за ранливата целна група – лица кои употребуваат дрога, се поттикна преку медиумскo презентирање на работата на Црвениот крст преку афирмација на HR Програмата поддржано од локалните електронски и пишани медиуми.
Трибина во соработка со С.О.У.„Мирче Ацев“ и Јавна установа Центар за јавно здравје преку мултидисциплинарен пристап од областа на превенцијата, акцентирајќи го  притоа  јакнењето на здрави животни вештини, комуникација, асертивност, антиципација на здрави животни избори и одговорност кај учениците од 3 година при гимназијата.
Традиционалните превентивни, едукативни и интерактивни предавања од областа на превенцијата на зависности со сите класови од прва година во општина Прилеп и понатаму  се спроведуваат во континуитет во соработка со Полициска станица Прилеп и средните општински училишта.

< врати се назад