
март 28, 2024
24.Март – Светски ден на Туберкулозата
По повод 24 март, Светскиот ден на борбата против туберкулоза Клубот на Млади ООЦК Центар ја означи важноста на оваа болест и кои биле нејзините последици врз човештвото преку тоа што се одржи поетско читање на поезија и (извадоци од) прозни текстови на Македонски и странски автори кои починале од оваа болест, како: Франц Кафка, Џорџ Орвел, Џон Китс, Емили Бронте, Фридрих Шопен, Антон Чехов, и Константин Миладинов. Настанот започна со краток вовед за болеста и нејзините последици, Самите дела беа презентирани од 5 оратори од Клубот на Млади ООЦК Центар. Со самото затварање на настанот учесниците имаа можност да си презентираат свои дела.
