
август 29, 2023
21 година традиционална крводарителска акција по повод „Успение на Пресвета Богородица“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинската организација Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, по 21-ви пат ја реализираше традиционалната крводарителска акција по повод празникот “Успение на Пресвета Богородица“ во Домот на АРСМ. Акцијата се одржа традиционално на 28ми август, од 9 до 17 часот.
На овогодинешната акција, 118 граѓани даруваа крв што повторно ја докажува нивната хуманост, а како поддршка се вклучија 20 волонтери од Клубот на млади на Општинска организација Центар.


