март 20, 2024

17 Март, Денот на формирањето на Црвен крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството

По повод Денот на формирањето на Црвен крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството, кој се одбележува секоја година на 17ти март, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 19.03.2024 година организираше свечен настан во просториите на Музејот на холокаустот.

На настанот присутни беа, д-р Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст на РСМ, г. Ивица Бошков, Претседател на Црвен Крст на РСМ – Општинска организација Центар, г. Горан Герасимовски, Градоначалник на Општина Центар, г. Марко Карбини, Аташе, ЕУ Делегација во Скопје како и претставници од институции, компании на територија на Општина Центар, крводарители и волонтери од Клубот на млади при Општинска организација Центар.

Свое обраќање пред присутните имаа Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, Градоначалникот на Општина Центар и Претседателот на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар кои воедно доделија признанија и благодарници на следниве институции, компании и личностите кои дале особен придонес за развој на крводарителството:

  • Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија;
  • Стопанска банка АД Скопје;
  • НЛБ банка АД Скопје;
  • Шпарскасе банка;
  • Уника Осигурителна компанија;
  • АД Макпетрол;
  • ЈП Комунална хигиена Скопје,
  • Македонски телеком;
  • Агенција за катастар и недвижности;
  • Комерцијална банка АД Скопје;
  • Средно медицинско училиште на град Скопје “Панче Караѓозов“;
  • Миле Петковски – 100 крводарувања;
  • Светлана Станковиќ – 50 крводарувања;
  • Јадранка Ставревска – 25 крводарувања;
  • Александар Блажевски – 25 крводарувања;
  • Симеон Ангелов – 10 крводарувања;
  • Антонио Атанасовски – 10 крводарувања;
  • Билјана Велјановска – 10 крводарувања;
  • Ивана Корталовска – 10 крводарувања;
  • Иса Мемиши – 10 крводарувања.
< врати се назад